Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во мала резултатска криза, откако беше поразен дома со 1-2 во првиот четвртфинален меч од Купот на Шпанија против Селта, а претходно Севилја ги освои трите бода во пресметката со „кралевите“ во Примера. Тоа го загрижи и стратегот Зинедин Зидан, кој не го крие фактот дека нешто не е во ред…
„Два последователни порази, нешто се случува. Одигравме два мошне чудни натпревари. Мораме што поскоро да дојдеме при свест и да ги поправиме резултатите. Не знам што се случува, но мора набрзо да откриеме и да почнеме со добри резултати“ – истакна Зидан.
После 17 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат, Реал Мадрид е на чело на табелата со 40 бода, еден повеќе од второпласираната Севилја, која има одиграно натпревар повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА