Беџети сменет од претседателското место во Шкендија, Агим Куртиши нов прв човек - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
28/05/2017 20:29
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41

Беџети сменет од претседателското место во Шкендија, Агим Куртиши нов прв човек

Беџети сменет од претседателското место во Шкендија, Агим Куртиши нов прв човек

Промени во раководството на Шкендија само еден ден по вчерашното финале во Купот на Македонија и поразот на тетовци од Пелистер во битката за трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување. Како што дознава ЕКИПА, Абдулменаф Беџети од денеска не е повеќе претседател на одборот на директори и извршен директор на ФК Шкендија, а на негово место е назначен Агим Куртиши.

Според информациите на ЕКИПА, академик Абдулменаф Беџети денеска и официјално преку соодветните правни одлуки е променет од функцијата претседател на одборот на директори на клубот и извршен директор, функции кои ги извршуваше изминативе години по преземањето на финансирањето на клубот од страна на Лазим Дестани. Агим Куртиши, пак, кој досега беше независен член во раководните структури на клубот сега е нов извршен директор и претседател на одборот на директори на клубот.

Причините за промената, согласно нашите информации, се од лична природа а во договор на сопствениците на Шкендија и академик Беџети, кого во наредниот период го очекуваат нови ангажмани во општествениот живот.

Абдулменаф Беџети вчера во Струмица, во ложата на стадионот „Младост“, во друштво на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, за последен пат ја следеше Шкендија како нејзин прв човек.

abdulmenaf bedzeti

За следната сезона се најавуваат и дополнителни промени во организациските структури на клубот, но и во стручниот штаб на тимот. По разрешувањето на Томас Брдариќ од следната сезона нов шеф на стручниот штаб на Шкендија треба да биде актуелниот тренер на Ренова, Ќатип Османи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.