БОБАН НИКОЛОВ – херојот во црвено-црно!

Секоја чест за сите „вардарци“ за огромниот успех и пласманот во следната рунда од квалификациите за ЛШ, но од одличниот колектив мора да се истакне еден играч – Бобан Николов.

Не станува збор само за фактот дека тој беше стрелец и во Малме и во Струмица, туку за карактерот на ова младо момче, подготвено да даде се од себе дури и кога го мачат повреди. Тој допатува „ранет“ по ЕП во Полска, неговиот настап во овој двомеч беше крајно неизвесен, но како и многу пати претходно Николов стигна заби и заигра најдобро кога беше најзначајно.

Во второто полувреме денеска доби нешто поофанзивна улога и блесна најсјајно, одлично диригираше со акциите на „црвено-црните“ и заслужено на крај прекрасната партија ја круниса со гол, погодок за елиминација на Малме и пласман на Вардар во третото квалификациско коло за ЛШ.

Се вчитува...