Филозофијата на Перез: Не продава доволно дресови, Модриќ го напушта Реал

Едиствената причина зошто Лука Модриќ би го напуштил „кралскиот“ клуб е бизнис, нормално. Хрватскиот репрезентативец може да ја игра последната сезона во дресот на Реал, бидејќи Флорентино Перез смета дека не продава доволно дресови. Иако сето тоа е маркетинг и работата е на Перез е да носи нови „галактикоси“, нови имиња кои ќе го полнат буџетот на клубот преку продажба на дресови или друга комерцијала, оваа причина треба да го загрижува Модриќ и неговиот статус во тимот.

Играчот за врска е срцето на тимот на Зидан, од него зависи целата игра на Реал, тој е вистински работник кој дава максимум и во одбраната и во нападот, диктира темпо и создава шанси, но сите овие квалитети и статистики не го задоволуваат Перез. Претседателот бара играч кој може да игра на неговата позиција, но и воедно неговото име да продава дресови. Метите се Марко Верати и Фелипе Кутињо.

Верати е неисполнета желба на Перез, пробува да го донесе во Мадрид веќе три години, но Италијанецот инсистира дека е среќен во ПСЖ, но од друга страна пак, чека понуда од Барселона, која исто така е во потрага по играч од среден ред со педигре на ѕвезда. ПСЖ бара 100 милиони евра, Реал без проблем може да ги исплати, но плејмејкерот најверојатно ќе чека да ги одигра последните месеци од договорот за да седне на маса со раководството на францускиот клуб и одлучи за неговата иднина.

Купувањето на Кутињо ќе биде исто така тешко. И за овој играч имаат конкуренција од Барселона, која пак по иницијатива на Нејмар се обидува да го донесе најдобриот играч на Ливерпул. Бразилецот пред извесно време потпиша нов договор до 2022 година, шпекулациите околу преселбата на „Камп Ноу“ го натераа клубот од Мерсисајд да реагира и го задржи Кутињо, што засега им успеа. Ако дојде до неибежната ситуација Кутињо да си замине, нема да биде за помалку од 100 милиони евра, цена кој е ставена на многу фудбалери сезонава. Сепак Кутињо е малку поофанзивен од Модриќ, но Зидан е тој што ќе му ја одреди позиција, секако ако потпише за шпанскиот гигант.

Неспорно е дека Кутињо и Верати се врвни фудбалери и дека ќе ги задоволат критериумите на Перез, но се’ уште е спорно дали и двајцата вредат за таа цена.

Се вчитува...