Пол Погба го очекува долга пауза од фудбалските терени откако беше обелоденето дека повредата на францукиот ас е многу посериозна од првите прогнози на лекарскиот тим на Манчестер јунајтед.
Британските медиуми денеска објавија дека деталните лекарски прегледи покажале кинење на мускулот од трет степен, но и оштетување во пределот на тетивата. Поради ова Погба ќе мора да паузира околу три месеци, што сигурно е огромен удар за Жозе Мурињо со оглед на одличните игри на Французинот на стартот од новата сезона.
Погба настрада во првото полувреме од дуелот со Базел и веднаш беше заменет, а како што стојат работите тој најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА