Кралот немоќен против Филаделфија, Дончиќ брилијантен против Портланд (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше најзаслужен за победата на Далас на Портландод 102-101. Не само поради тоа што постигна 29 поени туку и поради тоа што ги даде клучните поени за триумфот во финишот од пресметката. Тој погоди 2+1 за 102-99 што се се покажа решавачко бидејќи во продолжение Мекалум погоди за намалување на водството, но Лилард не беше прецизен на две секунди пред крајот за победа на Портланд.

Кајл Кузма постигна 39 поени, но кошаркарките на Филаделфија го задржаа Леброн Џејмс на само 18 поени и затоа забележаа заслужен триумф на домашен паркет од 143-120 над Лос Анџелес Лејкерс. Џоел Ембид со 37 поени беше лидер во триумфот.

Со биланс од 36 победи и 20 порази, Филаделфија е четвртопалсрана во Источната конференција, додека Лејкерс се дури десетти на Запад со ефект од 28/28.

Шампионот, Голден Стејт оствари тесна победа на домашен терен од 120-118 над Мајами. Триото Дурант-Томпсон-Кари беше брилијантно за првакот. Дурант постигна 39 поени, Томпсон 29, а Кари 25 за 40. сезонска победа на Голден Стејт кој има 15 порази и веќе има опиплива дистанца пред Денвер во трката за лидерското место во Западната конференција.

На останатите дуел од НБА лигата, Сакраменто со 117-104 го победи Феникс, а Орладно славше на гостувњето кај Атланта со 124-108.

 

 

Се вчитува...