Рома и Реал Мадрид одиграа 2-2 на „Олимпико“ во Рим во пријателски натпревар кој ги задоволи љубителите на фудалската игра. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а по изведувањето на пенали на крајот од дуелот славеше „волчицата“, откако Марсело не го реализира клучниот пенал за „кралскиот клуб“.
Марсело го постигна првиот гол за Реал Мадрид во 16.минута, а Диего Пероти возврати во 34.минута за израмнување. Следеа уште два гола до крајот на првиот дел. Кашемиро во 39.минута повторно донесе предност за „кралевите“, а веќе во следната минута Един Џеко израмни на 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА