Нови детали: Да видете каде умре Диего, и на вас нема да ви се живее

Семејството на Диего Армандо Марадона повторно ја потенцира лекарската негрижа како главна причина за смртта на аргентинската фудбалска легенда. Тие сметаат дека непосредно по операцијата на мозокот било неопходно Диего да замине во клиника за да има целосен лекарски надзор.

Наместо тоа, неговиот личен доктор договорил тој да биде лекуван во приватна вила, под надзор на две медицински сестри и еден психолог, што се покажа недоволно.

„Надзор, тоа е клучниот збор. Очигледно е дека сестрите кои му беа доделени направиле премалку за да му помогнат. Во куќата немало ниту пристоен тоалет, па морале да се снаоѓаат со импровизиран. Ако погледнете каде умре Диего, и на вас нема да ви се живее“, обвинува неговата поранешна сопруга Клаудија Вилафане.

Токму во куќата за која говори Клаудија аргентинскиот ас го загуби животот, а една од медицинските сестри ја повлече првичната изјава пред полицијата, па сега тврди дека не ја посетила собата на Марадона неколку часа пред неговата смрт.

Се вчитува...