„Диего имаше страст и љубов кон фудбалот, Роналдо малку од тоа, а Меси – ништо“

Тренерот на Бенфика, Хорхе Хесус смета дека Диего Марадона е најдобриот на сите времиња во фудбалот.

„Марадона со Пеле се најдобри во историјата. Пеле е се уште жив, но Диего е најголем на сите времиња и тоа не само поради тоа што беше генијалец, туку и поради начинот на кој сето тоа го искажуваше низ игра“ – вели Хесус, и продолжува:

„Диего беше најдобар. Имаше страст за играта, за фудбалот. Тој е роден да биде фудбалер, роден со сите вештини и не е никаков планиран проект. Роден е со љубов и чувство кон топката. Кога ќе ги погледнете денешните двајца најдобри на светот, Кристијано Роналдо има малку од тоа, а Меси буквално ништо. Тој воопшто нема страст кон играта. Голем фудбалер е, но нема чувства кон фудбалот. Марадона е далеку пред сите други“.

Се вчитува...