Генијална идеја на Аргентинците: Марадона на банкнота од илјада пезоси од две причини

Аргентинскиот конгрес наскоро ќе расправа за барањето за фотографијата на покојниот Диего Марадона да се најде на банкнота од 1,000 пезоси.

„Идејата не е само да се даде почит на нашиот најголем идол, туку се размислува и од економска страна. Мислиме дека туристите кога ќе дојдат во Аргентина, ќе сакаат со себе да го земат и Мардона. Без разлика дали е добар или лош, тој најпознатиот Аргентинец во светот“ – изјави членката на Донот на сенатори, Норма Дуранго.

На предната страна на банкнотата би стоел ликот на Марадона, додека на задниот дел ќе биде „Божјата рака“, односно моментот кога го даде прославениот гол против Англија на Светското првенство во 1986 година.

Се вчитува...