Флојд Мејведер е без сомнение еден од најдобрите боксери. Човекот кој со години доминираше во рингот ја заврши кариерата со 50 победи и ниту еден пораз, но и како еден од најбогатите спортисти на сите времиња.
Се проценува дека Флојд заработил повеќе од милијарда долари во текот на неговата кариера. Сега е „тежок“ околу 600 милиони долари, но и се уште заработува добро преку разни реклами и приватни бизниси.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како Мејведер ги расфрла парите околу пристуните. Во една ваква пандемија, неговата ароганција нема граници, па Флојд одлучил да организира забава во еден од неговите ноќни клубови каде голи девојки буквално газат на пари.
Боксерот остави и порака на својот Инстаграм профил.
„Ако парите не можат да купат среќа, тогаш зошто луѓето се радуваат и смеат кога ќе ги добијат?“, се прашува Флојд Мејведер.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА