Будуќност ја „смеле“ Цедевита Олимпија – Вајли фантастичен (ВИДЕО)

Десеткуваниот Будуќност без проблеми забележа нови два бода во Еврокупот откако славеше во АБА-лигашкиот дуел против Цедевита Олимпија со 91-60. Избраниците на Александар Џикиќ беа подобриот противник уште од почетокот на натпреварот, а клучната разлика ја направија во третата четвртина кога побегнаа на 20 поени предност.

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли одигра одличен натпревар кој го заврши со 15 поени и реализација 3/3 за два и 3/4 за три поени, 6 скока и по една аистенција и украдена топка, а притоа имаше и значајна улога во одбраната каде запиша и одлична блокада над Јака Блажиќ.

Одличната форма на крилниот центар е и одличен вест за македонската репрезентација каде натурализираниот Американец има клучна улога во пресрет на квалификациските натпревари за Светското првенство 2023 година.

Се вчитува...