Партизан „киксна“ во Талин – одлука за место во следната фаза во последното коло

Фудбалерите на Партизан претрпеа пораз од 1-0 на гостувањето во Талин против Флора во 5. коло од Конференциската лига. Единствениот гол на мечот беше дело на Милер кој на минута до крајот на првото полувреме го шокираше српскиот претставник во третото по ранг фудблалско натпреварување во Европа.

И покрај поразот „црно-белите“ остануваат на втората позиција на табелата со седум освоени бода, три помалку од првопласираниот Гент, а два повеќе од сега третата Флора. За место во следната фаза на белграѓани им е потребен триумф во последното коло против „фенерџијата“ Анортосис или реми/пораз на Флора на гостувањето кај Гент за две недели.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...