Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ги покани своите национални федерации членки да и се придружат во тужба против Меѓународниот олимписки комитет. ИБА и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) долго време се во расправа, што кулминираше во јуни 2023 година кога ИОК ја исфрли ИБА поради неуспешни реформи во управувањето, финансирањето и етичките прашања.
Боксот беше дел од програмата на Олимпијадата во Париз, но квалификациите за ова натпреварување ги спроведе самиот ИОК, а не ИБА. ИБА преку соопштение објави дека поднела жалба против ИОК до Швајцарската комисија за натпреварување во август. ИБА го обвинува ИОК дека „неправедно доминира на глобалниот пазар за организација и маркетинг на Олимписките игри“.
ИБА, исто така, додава дека ИОК извршил голем притисок врз Националните олимписки комитети за дополнително да влијаат на националните боксерски федерации да се повлечат од членството на ИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА