Шлаканици и тензии уште пред мечот на поранешниот шампион: „Тајсон мора да умре“ (ВИДЕО)

Тензиите во пресрет на борбата меѓу поранешниот светски шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол достигнаа максимум за време на мерењата во Далас.

При доаѓањето за поздравување со противникот, 58-годишниот Мајк Тајсон му удри шлаканица на 31 година помладиот предизвикувач затоа што му пришол во личниот простор и го стапнал. Обезбедувањето веднаш скокна и ги раздвои боксерите, а Пол својот гнев го искажа кон публиката викајќи: „Тајсон мора да умре“.

„Ова е сега веќе лично“ – викаше Пол додека го одвлекуваа Тајсон надвор од бината.

Последната професинална борба на Мајк Тајсон беше пред 19 години, а престојната со Пол е договорена на осум рунди од по две минути. На Тајсон за борбата му е гарантирана заработка од 20 милиони долари, а на Пол од 40 милиони долари.

Борбата во Арлингтон, предградие на Далас, е закажан за сабота наутро од 5 часот по средноевропско време. На стадионот на Далас каубојс се очекува присуство на околу 60.000 гледачи.

Се вчитува...