Алексис Санчез и Озил заедно во Фенербахче?

Алексис Санчез би можел повторно да го има Месут Озил за соиграч откако чилеанскиот голгетер почна преговори со турскиот гигант Фенербахче. Челниците на Фенер се решени конечно да стигнат до шампионска титула, а по ланскиот трансфер на Озил сега бараат нов голгетер, со Санчез на врвот на листата со желби.

Чилеанецот се уште е под договор со Интер, но „нероаѕурите“ се подготвени да дадат зелено светло за негово заминување бидејќи е еден од најплатените фудбалери во тимот, а тренерот Инзаги не гледа на Алексис како на стандарден голгетер. Фенер го користи ова и веќе почнал преговори со агентот на чилеанскиот ас, а според првичните информации и двете страни се расположени за соработка.

Интер веќе ги има Џеко и Лаутаро Мартинез, денеска треба да биде комплетиран и трансферот на Кореа од Лацио, а доколку Алексис Санчез си замине, како негова замена се планира да биде доведен Скамака од Џенова.

Се вчитува...