Англија шокирана во Будимпешта

Фудбалската селекција на Унгарија приреди огромно изненадување на стартот од новото издание на Лигата на Нации, совладувајќи ја Англија со минимални 1-0. „Гордиот албион“ со улога на голем фаворит влезе во овој натпревар, Англичаните 22 средби не знаеја за пораз, постигнуваа најмалку по еден гол на последните 14 средби, но денеска целосно потфрлија.

Трагичар на натпреварот беше Рис Џејмс, десниот бек на Челси кој во 62. минута го замени Трент Александер Арнолд, а само две минути подоцна реагираше почетнички, правејќи пенал во сопствениот шеснаесетник што Собослаи го претвори во водечки погодок за Унгарија.

Англичаните се обидоа да израмнат, најубавата можност ја пропуштија преку Хари Кејн, но и имаа многу среќа на спротивната страна бидејќи Унгарија промаши стопроцентна шанса во финишот за постигнување на втор погодок.

Се вчитува...