Барселона со триумф среде Мадрид до титулата во Шпанија

После фудбалскиот клуб, и кошаркарскиот на Барселона ја освои титулата во Шпанија, по победата над Реал Мадрид и тоа на теренот на противникот во третиот натпревар.

Така екипата на Барса со „метла“ го збриша вечниот ривал, и дојде до нова титула во првенството. „Каталонците“ благодарение на одличната игра во вториот дел, дојдоа до оваа победа, осоено во последниот период кој го добија со 16-26.

Барселона и врати на екипата на Реал за поразот на Ф4 во Евролигата, кога „кралевите“ подоцнаа станаа европски прваци.

Вечерва најефикасен кај Барса беше Јан Весели со 19 поени, а исто толку имаше и Таварес кај Реал Мадрид.

Се вчитува...