Бејл не размислува за репрезентативна пензија: Не, ова не е мојот крај

Велс испадна од Светското првенство во Катар по поразот од Англија синоќа. Велшаните после три натпревари против Иран, САД и Англија освоија само еден бод, а Герет Бејл го постигна единствениот гол за Велс на Мундијалот.

Иако се чинеше дека ќе биде последниот настап за селекцијата на Велс за Герет Бејл, сепак, крилниот играч ги отфрли шпекулациите.

„Не, ова не е мојот крај“, рече Бејл.

„Ќе продолжам да играм додека ме сакаат. Тежок момент е, но не се откажувам. Квалификациите за ЕП почнуваат идната година, се надевам дека ќе бидам таму“, рече Бејл, стрелец на 41 гол за репрезентацијата.

Се вчитува...