Партизан ја продолжи серијата на победи во Евролигата откако во 15. коло славеше на гостувањето кај Алба Берлин и тоа во супердраматичен натпревар со 90-91 во кој херој за белградскиот тим беше Карлик Џоунс, а трагичар за германскиот Давид Мекормак.
Партизан резултатската контрола ја превзема во втората четвртина и го диктираше темпото на средбата се до последната четвртина во која влезе со двоцифрена предноста. Сепак германскиот тим успеа да се врати во игра, а и да ги искористи промашените отворени обиди за три поени на Бонга во последните две минути за превземање на водството.
Алба поведе со 88-84 по што следеше тајм-аут на Обрадовиќ кој вроди плод. Маринковиќ погоди за три поени и ја сведе негативата на еден поен, Партизан одбрани напад, а преку Џоунс кој беше успешен од линијата за слободни фрлања поведе со 88-89 на 31 секунда до крајот.
На 11 секунди пред крајот Мекормак беше фаулиран за две слободни фрлања, но успеа само да изедначи на 89-89. Партизан го имаше последниот напад, а истиот го реализираше Карлик Џоунс со карактеристичен шут од полудистанца.
На Алба и остана секунда за реализација, а во обид за атрактивно забивање Мекормак беше фаулиран од Маринковиќ. Американскиот центар одново се најде на линијата за слободни фралања и одново не успеа да реализира два пати за изедначување па Партизан стигна до нова значајна победа.
Џоунс со 24 поени, 6 асистенции и 5 скокови беше лидер на Партизан, а трагичарот Мекормак постигна 15 поени и 6 скокови за Алба.
Монако ја забележа најубедливата победа во сезона триумфирајќи на гостувањето кај Фенербахче со преубедливи 69-99.
Прво име на натпреварот беше Хејс кој постигна 28 поени, а додаде и 6 скокови за турскиот тим, додека Французите ги предводеше Џејмс со 21 поен и 5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА