Епски пресврт на Казахстан – Данска од 0-2 до пораз кој уште долго ќе боли (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Данска прокоцка голема шанса да стигне до втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија, откако на гостински терен беше потресен од Казахстан по пресврт со 2-3.

Данците одиграа феноменално во првиот дел и на пауза имаа предност од 0-2. Младиот Расмус Хојлунд во 21. минута донесе водство за гостите од 0-1, додека на 0-2 зголеми истиот фудбалер во 36. минута.

Во вториот дел домаќините преку Зајнудинов од пенал во 75. минута намалија на 1-2. На 2-2 израмни Тагиберген во 86. минута со фенонеманален гол, додека конечните 3-2 ги постави Аимбетов во 89. минута.

Kazakhstan [2]-2 Denmark – Askhat Tagybergen great strike 86′
by u/Meladroite in soccer

 

Kazakhstan [3]-2 Denmark – Abat Aymbetov 89′
by u/Meladroite in soccer

Се вчитува...