Фалкао доби статуа – полоша и од таа на Роналдо (ФОТО)

Португалецот Кристијано Роналдо на аеродромот во Мадеира доби статуа која речиси нималку не наликува на него, а се чини дека сега истиот проблем го има и колумбискиот фудбалер Радамел Фалкао. Тој доби статуа во својот роден град Санта Марта во Колумбија. Градските власти одлучија да му подигнат споменик за сето она што го даде за колумбискиот фудбал, но сепак, статуата и не го отсликува најдобро неговиот лик. Поради ова, исто така наиде на подбив во светската фудбалска јавност.

Во Португалија, првата статуа на Роналдо, која очигледно беше неуспешна, потоа е заменета со нова. Можеби и Фалкао во иднина ќе добие нова, која многу повеќе ќе наликува на него…

 

 

Се вчитува...