Фијаско без Роналдо – второлигашка „шлаканица“ за Јувентус

Јувентус катастрофално ја стартуваше сезоната, откако во премиерниот меч на домашен терен на „Алијанц Арена“ загуби од доскорешниот второлигаш Емполи со 0-1. Првиот натпревар по заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот се покажа како вистинско фијаско за „старата дама“, која делуваше неорганизирано и безидејно, мачејќи се да го скрши отпорот на тоталниот аутсајдер.

Манкусо го доведе Емполи во водство во 21. минута, но очекувањата дека Јуве ќе направи камбек и пресврт не се реализираа. Поголемиот посед на топката не донесе и стопроцентни шанси, а ниту измените на Алегри, кој ги внесе Мората, Кулушевски, Бернардески и Локатели, воопшто не вродија со плод.

Во вториот дуел на вечерашната програма во Калчо-лигата, Фиорентина рутински славеше над Торино со 2-1 со головите што ги постигнаа Гонзалез во 41. и Влаховиќ во 70. минута. Верди во 89. минута го постигна почесниот погодок за гостите од Торино.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum