Фудбалер е ризична професија во Јужна Америка

Прошталниот меч на легендарниот уругвајски стопер Диего Годин остана во сенка на нападот на вооружени хулигани.

Навивачите на аргентинскиот клуб Велез Сарсфилд ги нападнаа играчите со оружје по поразот од Хуракан во неделата.

Кога тимот се врати во својот тренинг камп на стадионот „Вила Олимпика“ неколку часа по натпреварот, играчите беа дочекани во заседа од навивачите на клубот.

Локалните медиуми објавија дека играчите одлучиле да не поднесуваат пријава во полиција, но биле повикани да дадат изјави како дел од истрагата, а тренерот Себастијан Мендеш го известил управниот одбор дека клубот нема да се врати на тренинзите додека не се гарантира безбедноста на играчите.

Велез со само пет победи во 27 натпревари, по поразот во последното коло од аргентинската лига се наоѓа на 25. место на табелата.

Се вчитува...