И покрај инвазијата на Русија во Украина во оваа држава почна фудбалското првенство со мечот меѓу Шахтјор Доњецк и Металист. Натпреварот меѓу овие два тима заврши без победник 0-0.
Фудбалерот на Шахтјор, Тарас Степаненко призна дека враќањето на фудбалските терени го доживеал многу емотивно.
„Деведесет минути заборавив на војната. По првото полувреме седев во соблекувалната и мислев дека е убаво што веќе одигравме 45 минути. Не слушнав сирени во градот и 90 минути се исклучив и само играв фудбал. Уживав во играњето фудбал, почувствував добри емоции и сега се чувствувам горд поради тоа. Го чекав овој ден откако почнавме со подготовките, бев малку нервозен, но кога ја слушнав националната химна и го видов народот, бев горд на мојата земја и среќен што првенството започна бидејќи е важно за нашата земја и луѓето“, изјави Степаненко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА