Германија ја надигра Франција во Келн за крај на првиот ден од Евробаскетот

Германија успеа да ги израдува своите навивачи во Келн откако славеше во првиот натпревар од Евробаскетот совладувајќи ја Франција со 63-76. Германците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, одолеаја на налетот на Французите во третата четвртина и минималниот заостаток го претворија во двоцифрена предноста за мирен финиш на мечот и први два бода.

Тиман беше лидер на Германија со 14 поени и 6 скока, додека него го следеше Ло со 13 поени и 5 асистенции. Кај Франција најрасположен со 18 поени и 4 скока беше Јабуселе.

Денеска на победа се радуваше и Белгија која ја совлада Грузија во Тбилиси со 79-76 по продолжение. Мвема и Табу беа лидери на Белгијците со по 14 постигнати поени, додека Мамукелашвили ја предводеше Грузија со дабл-дабл од 18 поени и 13 скока.

На победи во првиот дел од Евробаскетот се радуваа и Шпанија, Босна и Херцеговина, Турција и Словенија.

Се вчитува...