Големата борба меѓу Хрватска и Мароко заврши без победник (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Мароко одиграа без голови 0-0 во натпревар од воведното 1. коло во групата Ф на 22. Светско првенство кое се игра во Катар. Во првото полувреме Иван Перишиќ и Никола Влашиќ ги имаа најдобрите шанси за Хрватите.

Прво Перишиќ во 17. минута по една грешка на одбраната одлично биеше од некои 25 метри, но топката заврши над пречката, а потоа Влашиќ во судиското надополнување од непосредна близина одлично биеше, но мароканскиот голман одлично интервенираше. Мароканците исто така имаа неколку полушанси, но на крајот мрежите мируваа.

Во вториот дел темпото малку падна, но и двете репрезентации одиграа добар фудбал, но без реализација, па на крајот ремито е и најреален резултат.

Noussair Mazraoui (Morocco) big chance against Croatia 51′ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...