Грците се големи плачковци: Смртни закани за Шредер и неговото семејство по елиминацијата на Евробаскетот

Германија одигра речиси перфектно и ја елиминираше Грција во четвртфиналето од Евробаскетот 2022. Грците со НБА ѕвездата Јанис Адетокумпо важеа за еден од главните фаворити за освојување на континенталниот собир, но на патот на нашиот јужен сосед застана домаќинот на турнирот предводен од Денис Шредер.

Капитенот на германската репрезентација блескаше на паркетот со 26 поени, 8 скока и 3 асистенции и беше еден од клучните играчи за големата победа, а по завршување на мечот тој и неговото семејство добија бројни закани. Грците му се закануваат нему, на сопругата и неговите деца.

„Стотина грчки навивачи ни посакуваат мене, на Денис и нашите деца смрт. Некои од нив пишуваат дека ќе не убијат. Не ни сакам да знам колку пораки добил Денис. Вакво нешто никогаш не сум доживеала. Има премногу пораки за да почнам да ги покажувам. И тоа не се само лажни профили. Ваквите закани се одвратни“, објави сопругата на Шредер на социјалните медиуми.

Закани и вознемирувачки пораки доби и Андреас Обст кој реализираше пет од седум обиди за три поени со кои беше втор најдобар поентер на мечот.

Се вчитува...