Иран ќе дозволи жени да гледаат фудбал во живо

Фудбалската федерација на Иран по повеќе од 40 години ќе дозоли жени да можат да следат натпревари во живо. Забраната досега се темелеше на верските верувања дека мажите не биле примерно облечени во спортска опрема.

Досега се правеа само исклучоци, па така во октомври 2019 година на четири илјади жени им беше дозволено да проследат квалификациски натпревар за Светското првенство против Камбоџа, што воедно беше и прво присуство на жени на стадион од 1979 година.

„Една од главните карактеристики на оваа сезона е тоа што жените ќе може да доаѓаат на стадионите“, изјави претседателот на фудбалската федерација на Иран, Мехди Таџ.

Се вчитува...