Јужен Судан и Јапонија ќе учествуваат на ЛОИ во Париз

Репрезентациите на Јужен Судан и Јапонија со дешените победи на Светското првенство над Ангола, односно Зеленортски Острови го потврдија своето учество на Летните олимписки игри во Париз 2024 година како најдобро рангирани репрезентации кои доаѓаат од Африка и Азија.

Кошаркарите на Јужен Судан одиграа одличен натпревар против Ангола во кој победата ја најавија уште по првата четвртина која ја добија со 30-16 за на крајот на слават со 101-78, а сличен натпревар имаа и Јапонците кои го скршија отпорот на противникот во втората четвртина (33-18), стекнаа висока предноста, а и покрај тоа што одиграа очајно во последниата четвртина на крајот да се радуваат на победа од 80-71 која им донесе место на собирот во главниот град на Франција.

Покрај овие репрезентации денеска на победа се радуваа и Финска која славеше со 90-75 над Венецуела, Нов Зелеанд кој ја доби драмата со Египет со 88-86, како и Франција која триумфираше над Брегот на Слоновата коска со 87-77.

Се вчитува...