Каспер Руд за првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на УС Опен

Норвешкиот тенисер Каспер Руд синоќа се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако по четири сета со 6-1, 6-2, 6-7, 6-2 го совлада 112. светски играч Французинот Корантен Муте.

Седмиот тенисер во светот победи по 3 часа и 22 минути и за првпат во кариерата се пласираше меѓу осумте најдобри на УС Опен.

Руд одлично го започна мечот, во првите два сета направи по два брејка и поведе со 2-0. Во третиот сет тенисерите направија брејк и се играше тај-брејк кој Муте го доби со 7-4.

Норвежанецот се засили во четвртиот сет, двапати му го одзеде сервисот на Муте, а по третата меч топка се пласираше во четвртфиналето. Руд во четвртфиналето ќе игра против Италијанецот Матео Беретини, кој по пет сета го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина.

Се вчитува...