Кимих не дозволи пораз на Германците во Италија

Дербито меѓу Италија и Германија во првото коло од Лигата на Нации заврши без победник, 1-1, по што аутсајдерот Унгарија неочекувано се најде на првото место на табелата во „групата на смртта“ по денешниот триумф над Англија.

Првото полувреме мина во тактичко надмудрување во кое најубавата шанса ја пропуштија домаќините кога ударот на Скамара заврши во дирекот од голот на Мануел Нојер.

Италија прва поведе преку Пелегрини во 70. минута, но радоста на „аѕурите“ траеше премногу кратко бидејќи само две минути подоцна Германија израмни со голот на Џошуа Кимих.

Италија во второто коло ќе го пречека националниот тим на Унгарија, додека Германците на домашен терен ќе се сретнат со Англија.

Се вчитува...