Кој е најдобриот тренер со кого работел Роналдињо?

Поранешниот најдобар фудбалер во светот, Роналдињо призна дека Холанѓанецот, Френк Рајкард е најдобриот тренер со кого соработувал во кариерата.

„Тој е неверојатен тренер, многу мирен човек. Рајкард е најдобар тренер со кого имам работено. Знаеше се, бидејќи како фудбалер играше на највисоко ниво. Се што бараше од нас, тој имаше направено во кариерата, па можеше во директен разговор да ни објасни точно што бара од нас. Кога ја немав топката во мој посед, морав да ги исполнувам своите обврски. Но, затоа кога ќе ја имав во посед, Френк ми дозволуваше да правам што сакам. Тоа е убавината на фудбалот“, изјави Роналдињо. 

Тие двајца заедно соработуваа во Барселона, екипа со која ја освоија Лигата на шампионите во 2006 година, откако во трилер финале беа подобри од Арсенал со 2-1. Рајкард покрај Барселона, во кариерата ги водеше и Галатасарај и репрезентацијата на Саудиска Арабија, додека Роналдињо настапуваше и за Гремио, ПСЖ, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куретаро и Флуминенсе.

Се вчитува...