Кратка историја на голманските ракавици

За еден голман, неговите ракавици се најкарактеристичниот и најважниот дел од неговата опрема. Добрите голмански ракавици можат да биде од голема помош и одбраната да биде сигурна, а оние лошите можат да предизвикаат катастрофални грешки.

Иако не сме виделе голман без свои ракавици ни во аматерски фудбал, овој спортски реквизит долго време не постоел во фудбалската игра. Кога морале голманите да носат ракавици, тоа, за неверување, биле градинарски ракавици. Според пишаните извори, првите голмански ракавици ги носел Британецот Вилијам Шајкс во далечната 1885 година. Интересно е тоа што, чуварите на мрежата во тоа време не биле воопшто заинтересирани да носат голмански ракавици.

Gordon Benks

Историјата го памети аргентинскиот голман Амаде Карицо како прв чувар на мрежата кој носел голмански ракавици, кога во 40-те години на минатиот век носел ракавици, додека бранел за аргентинскиот гигант Ривер Плата.

Со текот на времето, температурите биле ниски, а голманите морале да носат зимски ракавици, па дури и некогаш градинарски. Тие биле најмногу користени во дождлива Англија, со цел што подобро да ја фатат топката по лизгавите стадиони. Славниот голман на Англија, Гордон Бенкс експериментирал и носел голмански ракавици на Светското првенство во 1970 година, а пехарот на светски шампион во 1966 година го подигнал голорак.

На почетокот на 70-те години на минатиот веке, излегле од употреба градинарските ракавици и почнале да се употребуваат специјални голмански ракавици, чија цел била да се ублажи ударот и да го намалат лизгањето со приликата на фаќањето на топката.

80-те години на минатиот век е развој на професионалните голмански ракавици. Во тој период, тие веќе станале стандарден дел од спортската опрема на голманите, а произведувачите на ракавици почнале да прават експерименти и да тестираат ракавици кои имаат подобри перформанси.

Manuel-Neuer

Денес, секој голман има неверојатен избор кога се во прашање голманските ракавици. Некои се наменети за почетниците, за младите асови, некои се одлични за врнежливи денови, други за суви терени и оние за голем фудбал.

Тие се разликуваат во многу нијанси и детали, но улогата не им е променета. Науката овозможи ракавиците да бидат лесни и удобни, да не им пречат на чуварите на мрежата и да не ги ограничуваат нивните прсти, а да пружат максимална заштита и да ја спречат топката да се лизне ода рацете и да доведе до кобна грешка.

Се вчитува...