Кристијано Роналдо доби друштво од Челси, сега доаѓа и фудбалер на Интер

Ал Наср имаше катастрофална сезона по трансферот на Кристијано Роналдо, откако овој тим и покрај огромните амбиции не успеа да освои ниту еден позначаен трофеј, воедно и не обезбедувајќи учество во Лигата на Шампионите на Азија за наредната сезона.

Сепак, тоа беше само мотив повеќе за раководството на Ал Наср да тргне во нова офанзива за засилувања од Европа. Така, во текот на денешниот ден ќе биде официјално потпишан договорот со Хаким Зијеш, мароканскиот репрезентативец кој ќе пристигне од редовите на Челси, а во следните 48 часа ќе биде комплетиран уште еден голем трансфер на Ал Наср.

Матео Брозовиќ, хрватскиот интернационалец од таборот на Интер, ќе им биде нов соиграч на Роналдо и на Зијеш откако ги договори сите услови за преселба во Саудиска Арабија. Хрватот сакаше да се пресели во Барселона, но каталонскиот гигант ги одолговлечи преговорите, по што тој на крајот ја прифати богатата понуда од Ал Наср, за тригодишен договор вреден вкупно 60 милиони евра. Интер ќе доби 22 милиони евра од овој трансфер, одлична сума ако се знае дека Брозовиќ влегуваше во последната година од договорот со „нероаѕурите“.

Се вчитува...