Лукаку ги шокираше Белгијците: Време е за крај….

Помалку изненадувачко збогување од дресот на белгиската репрезентација најави Ромел Лукаку. Напаѓачот на Манчестер јунајтед моментално е во најдобри години, но во државниот тим не се гледа уште долго бидејќи во своето последно интервју најави дека ЕП 2020 може за него да биде и последно.

„Мислам дека по ЕП 2020 ќе биде крај за мене во дресот на Белгија“ – рече Лукаку шокирајќи ја белгиската спортска јавност.

„Уште не сум го достигнал врвот. Младите во репрезентацијата се обидуваат да ми го земат местото, ги гледам како конкуренција, но и јас не се давам. Можеби се ќе биде готово за две години кога ќе се повлечам“.

Лукаку на Светското првенство во Русија постигна четири гола. За националниот тим дебитираше во 2010 година.

Се вчитува...