Манчестер Јунајтед: Ниту ги сака во тимот, ниту дозволува заминување

Манчестер Јунајтед сеуште се бара себеси по ерата на Сер Алекс Фергусон. Англискиот великан за помалку од десет години промени пет тренери, но ниеден од нив не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“. Секој од нив имаше своја визија, за која беа потрошени и по 200 милиони во еден преоден рок, но наместо супериорен тим, „црвените ѓаволи“ добија голем број на незадоволни играчи.

Едни од нив се Антони Марсијал и Дони ван де Бек, францускиот и холандскиот репрезентативец кои беа доведени од Луис Ван Гал, односно Оле Гунар Солскјер за 60 и 39 милиони евра, но не го исполнија својот потенцијал. Марсијал е во тимот од 2015 година, а Ван де Бек година и пол, и двајцата се поготвени да ги променат клупските бои веќе овој месец.

Сепак Јунајтед има друга визија и покрај незадоволстовто не довозлува нивно заминување „за џабе“. Доколку Французинот успее да издејствува трансфер тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната, а клубот кој ќе го ангажира мора во целост да ги подмирува неговите примњата и притоа на клубот од Манчестер да му исплати бонус.

Ситуацијата со Холанѓанецот е сосема поинаква и играчот од средниот ред ќе мора да се задоволи со „греење“ на клупата до крајот на сезоната и својата шанса за докажување да ја чека од „сенка“, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Се вчитува...