Лионел Меси продолжува да го живее американскиот сон откако аргентинткиот ас стигна до првиот трофеј со Интер Мајами, освојувајќи го американскиот лига-куп. Она што е уште позначајно, ова беше вкупно 44. освоен пехар во кариерата на Меси, кој и официјално го мина Дани Алвеш (43) и од денес и официјално е најтрофеен фудбалер на сите времиња.
Во финалето од Лига-купот Меси и соиграчите за ривал го имаа Нешвил, кого успеаја да го совладаат дури по подобро изведување на пенали откако по 90 минути игра резултатот гласеше 1-1.
Очекувано, единствениот гол на Интер Мајами беше дело токму на Меси, кој ја продолжува неверојатната голгетерска серија откако пристигна во овој клуб.
Out of this WORLD. 💫
Take a bow, Leo Messi. pic.twitter.com/qm90VJtVbc
— Major League Soccer (@MLS) August 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА