Млад австралиски фудбалер постигна гол каков ретко се гледа (ВИДЕО)

Австралискиот фудбалерАлу Куол, го постигна еден од најубавите голови годинава во светот, на мечот на неговата репрезентација против Ирак на Азискиот куп за фудбалери до 23 години.

Куол погоди со „скорпион удар“ со што влезе во избрано друштво на фудбалери во историјата на оваа игра кои може да се пофалат со ваков гол.

Дел од светските медиуми веќе му ја дадоа наградата за најубав гол годинава во светот.

Се вчитува...