Мундо Депортиво: Роналдо сака да ја напушти Саудиска Арабија

Најплатениот фудбалер на светот, сериозно размислува после само неколку месеци да си замине од Саудиска Арабија по завршувањето на сезоната, но ризикува казна и суспензија ако го направи тоа своеволно.

Роналдо е во Саудиска Арабија во тимот на Ал Наср помалку од пет месеци, но се чини дека на Португалецот веќе му станува здодевно, па размислува да замине и да се врати во Европа. Тоа го тврди „Мундо Депортиво“.

„Португалецот ја сфати реалноста на клубот и ситуацијата во државата во која инфраструктурата е далеку од модерна. Затоа луѓето околу него почнуваат да зборуваат како сака да се врати во Европа“, пишува Мундо Депортиво.

Се вчитува...