Бекот на фудбалската репрезентација на Англија, Лук Шо финалето на ЕВРО 2020 против Италија го играл со скршени ребра, пренесуваат британските медиуми.
Тој на изминатиот шампионат беше еден од најдобрите фудбалери на Англија, а во финалниот меч дури и беше стрелец на единствениот гол за „гордиот албион“.
Шо повредата ја заработил на дуелот во осминафиналето против Германија, што значи дека последните три натпревари ги одиграл со скршени ребра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА