Олимпиецот на кој му ја ампутираа ногата се разбуди од кома

Трофејниот руски лизгач Роман Костомаров беше еден од најдобрите во уметничко лизгање, олимписки спорт во кој Русија е лидер по бројот на медали.

Костомаров на почетокот на годината заврши на интензивна нега по тешко воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот. За жал, неговата состојба само се влошуваше. Тој се зарази со бактерија поради која ткивото на стапалата му умрело, а за да не се прошири на целото тело, лекарите мораа да му ги ампутираат двете стопала, а потоа и прстите на рацете.

Состојбата му се влоши и доживеа два мозочни удари, но и тоа успеа да го надмине и се разбуди од кома. Според агенцијата Тас, Костомаров разговарал со сопругата Оксана, која е со него од почетокот на незамисливата агонија низ која минува рускиот лизгач.

Се вчитува...