Ова е најдобриот тим за 2022 година според ИФФХС (ФОТО)

Само Лионел Меси од шампионската Аргентина се најде во најдобриот тим за 2022 година според меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), Меѓу најдобрите има место за двајца Хрвати, двајца Французи, двајца Белгијци, Холанѓанец, Канаѓанец, Мароканец и Норвежанец.

Според ИФФХС, во најдобриот тим има место за Куртоа на голот, во одбраната Дејвис, Ван Дајк, Гвардиол и Хакими, потоа во средниот ред Меси, Де Брујне и Модриќ, и во нападот Мбапе, Бензема и Халанд.

Се вчитува...