Маурицио Покетино ќе ја води репрезентација на САД на Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи на северноамериканскиот континент.
Американците беа во потрага по врвен тренер за предводник на домашниот мундијал, а откако беа одбиени од неколку звучни имиња предводени од Јирген Клоп го насочија вниманието кон Покетино. Разговорите со аргентинскиот стратег траеја неколку седмици, за синоќа да биде постигнат целосен договор.
Како клучна фигура за овој договор се наведува Мет Крокер, спортскиот директор на Фудбалската Асоцијација на САД со кого Покетино има соработувано на почетокот од својата тренерска кариера во Саутемптон.
Само за потсетување, Маурицио Покетино ја мина ланската сезона на чело на Челси, од каде доби отказ на крајот од сезоната и беше сменет со Енцо Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА