Пирло решен да ја продолжи тренерската кариера, Италијанецот наскоро ја презема Сампдорија

Фудбалскиот „Моцарт“, Андреа Пирло кој имаше неуспешна авантура на почетокот на својата тренерка кариера како кормилар на Јувентус, наскоро ќе седне на клупата на Сампродија.

Откако Клаудио Раниери си замина од Џенова, Роберто Д’Аверска го наследи, но добрите резултати не продолжија под палката на новиот кормилар и според најавите него веќе му се подготвува отказ, а прва желба на раководството е Пирло, кој моментно нема ангажман.

Клуч ќе биде викендов и ултиматумот за Д’Аверса е да победи како знае и умее, ако не ќе мора да си оди.

Пирло беше желба и на Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона, но Каталонците имаат проблем и од финансиски поглед за предвреме да го избркаат Роналд Куман од клубот, зашто ќе треба да му исплатат сериозна отштета.

Се вчитува...