Преоден рок во мак-баскетот: Гостивар извиси за Крстајиќ, нови засилувања за Чаир и Еуро Никел

Изминуваат последните часови од преодниот рок во македонската кошарка, а во пресрет битката за плеј-оф и опстанок во елитното натпреварување клубовите направија серија на трансфери.

Гостивар остана без засилувањето во Стефан Крстајиќ, но тимот ќе биде засилен за Немања Жигон кој доаѓа од втората српска лига каде во дресот на Нови Сад бележи просек од 15.5 скока, 5.9 скока и 2.3 асистенции. Србинот ќе биде замена за Лувејн Пипкинс кој премина во чешкото првенство.

Еуро Никел своите редови ги засили со поранешниот кошаркар на Работнички, Стефан Балмазовиќ кој во Кавадарци исто така доаѓа од втората српска лига, но од редовите на Борац Земун. На 13 одиграни натпревари бележи просек од 23.8 поени, 5.2 скока, 1.5 асистенција и 1.2 украдени топки со што се очекува со своето искуство да биде од голема помош за тимот предводен од Горан Самарџиев.

Промени има и во редовите на вицешампионот Пелистер од каде замина Недим Мустафица, а пристигна Никола Силаџи. За српскиот интернационалец тоа воедно значи и камбек на добро познатото место со оглед на тоа што и претходно го носеше „зелено-белиот“ дрес, додека интернационалецот од Босна и Херцеговина останува во нашата лига, но ќе го облече дресот на Чаир 2030.

Чаирчани притоа се засилија и со Давел Роби кој во Македонија доаѓа од Португалија. 26-годишникот настапува на бековската позиција и ќе биде замена за Дарел Френклин кој замина од тимот.

Претходно до промени дојде и во редовите на Работнички каде пристигна Џелатовиќ на местото на Форте, односно Умипиг на местото на Џексон. Како и во ТФТ кој потпиша со Марко Симоновски, додека уште пред Купот на Македонија, Феникс 2010 ги ангажираше Марјан Јанески и Илајџа Џоинер.

Се вчитува...