Реднап го критикува Рангник: Тој ги измислува составите и формациите, тоа нема смисла

После вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Вулверхемптон 0-1 на домашен терен, Ралф Рангник доби многу критики за неговата тактика и игра која ја форсира.

Најголем критичар за неговата тактика беше поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Реднап кој сега е коментатор на „Скај Спортс“. Не штедеше зборови на критики против Манчестер Јунајтед и пред се Ралф Рангник.

„Секогаш зборуваме за тренерите и неговите состави, но Рангник форсира фамозна 4-2-2-2 формација, и тука тоа едноставно не функционира. Се обиде тоа, се обиде и со тројца позади, а средбата ја заврши со 4-4-2. Се чини дека ги измислува составите и формациите“, рече Реднап.

„Јунајтед нема идентитет, и тоа што Рангник го прави нема смисла. Јунајтед полошо од ова не може, а мислевме дека може после поразот од Ватфорд. Кога ќе гледате другите големи клубови, имаат среден ред кој ја контролира играта. Јунајтед во ниту еден момент не ја контролираше, а неговите играчи воопшто не додаваа. Жал ми беше за Матиќ и МекТоминеј затоа што немаа никакви опции. Рангник од Санчо и Гринвуд бара да играат како да е ова Лајпциг. Санчо делува како да не може да трча. Во мал простор се снаоѓа, но ако сакаш да бидеш крилен напаѓач во Јунајтед, мораш да ги минуваш противниците еден на еден“, вели Реднап.

Се вчитува...