Ришарлисон: Винисиус е виновен за тепачката, ми кажа дека Лукаку е подобар од мене!

На последниот тренинг на Бразил дојде до физичка пресметка помеѓу Ришарлисон и Винисиус Жуниор. Според објавените фотографија двајцата веќе ја започнале физичката пресметка, а поголем инцидент спречиле останатите соиграчи.

Во медиумите се појави изјава од Ричарлисон за овој инцидент. Ако судиме според неговите зборови Винисиус го провоцирал.

„Прво ми кажа дека не можам да ја освојам Лигата на шампионите, не реагирав, ми зборуваше дека сум преценет молчев и тогаш, исто и кога ми кажа дека Евертон ќе испадне, но кога кажа дека Лукаку е подобар од мене не можев да издржам“, изјавил Ричарлисон.

 

 

 

Се вчитува...