САД и Јамајка меѓу најдобрите четири во „Голд купот“

Соединетите американски држави и Јамајка се последните полуфиналисти во „Голд купот“. Американците до место меѓу најдобрите четири стигнаа со победа во пенал рулетот против Канада (3-2), додека Јамајка славеше против Гвателама со минимални 1-0.

Откако мрежите мируваа во најголемиот дел од натпреварот помеѓу САД и Мексико, завршницата на мечот ја одбележа голема драма. САД преку Вазкез поведе во 88. минута, но Виторија во 93. минута не дозволи домашно славје.

Во 109. минута од продолженијата Шафелборг донесе предност од 1-2 на Канада, но автоголот на Кенеди во 114. минута го одведе мечот во пенал-рулет во кој подобри во реализацијата беа Американците.

САД во полуфиналето ќе се сретне со Панама, а за место во финалето ќе се борат и Јамајка и Мексико.

Се вчитува...