Севилја продолжува во победнички ритам во Примера. Ја освои и Памплона, совладувајќи ја Осасуна на гости со 3-4. Иако домаќините двапати имаа водство на овој натпревар, на крајот трите бода ги освои Севилја, која сега има само еден бод негатива зад лидерот Реал Мадрид, но и еден одигран меч повеќе. Серхио Леон ја доведе Осасуна во водство, а Ибора израмни пред крајот на првото полувреме. Но, потоа токму Ибора си постигна автогол за ново водство на Осасуна.
Сепак, повторно Ибора погоди во вистинската мрежа и за 2-2, Васкез и Сарабија донесоа триумф на Севилја, а Кодро го постави конечниот резултат, 3-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА